Rakuten

Оваа политика за приватност ќе објасни како ги собираме, користиме, споделуваме и штитиме вашите податоци кога ги користите Rakuten ID и услугите на Rakuten. Rakuten ID ви овозможува да се најавите на многу услуги на Rakuten со истото корисничко име и лозинка.
Добре дојдовте во политиката за приватност за Rakuten ID. Rakuten ID е услуга што ја испорачува групата Rakuten. Нејзина цел е да создаде заедничко искуство со услугите кај сите услуги на Rakuten кои учествуваат. Ако имате Rakuten ID, може секаде да го користите истото корисничко име и лозинка. Исто така, може да се приклучите на нашата програма за лојалност и да собирате поени.
Оваа политика за приватност објаснува како ги собираме, користиме, споделуваме и штитиме вашите податоци. Исто така, објаснуваме кои опции и права ги имате и како да ги искористите.

Лични податоци што ги собираме и како

Кога се регистрирате за Rakuten ID, ги собираме вашите лични податоци. Ги споделуваме вашите податоци со друга услуга кога го користите истиот Rakuten ID за да се најавите на друг уред.

Ги собираме личните податоци на различни начини кога се регистрирате за, или кога го користите вашиот Rakuten ID. Прво се регистрирате за Rakuten ID преку некоја од услугите што користи Rakuten ID. Ако го употребите истиот Rakuten ID за да се најавите на друга услуга, ги споделуваме вашите податоци со таа нова услуга. Секоја услуга може да користи различни типови лични податоци кои се зачувуваат само кај таа услуга. За детали, погледнете ја политиката за приватност на секоја услуга. Следи список на примери за податоци кои се зачувуваат во системот за идентификација и се споделуваат меѓу услугите кои учествуваат:

Информации што директно ни ги испорачувате:

  • Идентификатори, како што се
    • лични податоци (на пр. име, датум на раѓање);
    • податоци за контакт (на пр. телефонски број, адреса на е-пошта, поштенска адреса или мобилен број);
    • податоци за најавување на сметката, како што е вашето корисничко име и лозинката;
  • Финансиски информации, како што се
    • банкарски податоци или броеви на кредитни картички;
    • поени Rakuten, доколку вашата услуга Rakuten ID учествува во програмата за поени на Rakuten.

Информации што ги собираме автоматски, на пример, преку колачиња:

  • Идентификатори за уредите што сте ги користеле за пристап до нашите услуги, вклучувајќи ги IP-адресите и MAC-идентификаторите;
  • Геолокациски податоци, како што е вашата IP-адреса;
  • Информации за активност на интернет или на други електронски мрежи, како што се информации за вашите сесии кога сте најавени.

Како ги користиме вашите податоци

Ги користиме вашите податоци за да ви ја испорачаме услугата Rakuten ID.

  • Треба да потврдиме дека сте навистина вие кога се најавувате на една од нашите услуги (автентикација);
  • За да ви испратиме пораки за услуги;
  • За создавање на вашиот профил. Може доброволно да додавате информации за да создадете подобар кориснички профил;
  • За некои услуги требаат финансиски информации, како што е бројот на вашата кредитна картичка. Бројот на вашата кредитна картичка може да се зачува централно во вашиот профил. Тоа е за ваша корист. До него може лесно да дојдете од секоја услуга кога плаќате. Не треба да го зачувувате во вашата сметка, а може, исто така, да го избришете во секое време од страницата на вашата сметка;
  • Ги користиме податоците за вашето користење на услугата за
    • Подобрувања на услугата;
    • Внатрешна аналитика за начинот на користење на нашите услуги;
    • Подобрување на техничката функционалност на услугата.
  • Ви испраќаме рекламни пораки ако се согласите со тоа.
  • За користење на поените Rakuten. Поените се врзани со вашата сметка и валутата на услугата што ја користите. Може да собирате и користите поени на услуги кои се дел од програмата за поени и ја користат истата валута. Исто така, анализираме како се користат поените кај различни услуги.
  • Може да го употребите вашиот Rakuten ID за да се најавите на избрани партнерски страници. Овие партнери не припаѓаат на групата Rakuten. Меѓутоа, може да го употребите вашиот Rakuten ID за да се најавите на нивните услуги.
  • Ни требаат одредени податоци за да одговориме на вашите барања.
  • Законот може да бара од нас да ги откриеме податоците на органи за спроведување на законот (како што се суд или полиција).
  • Ги користиме податоците за да ги заштитиме нашите услуги од измама и други закани. На пример, се обидуваме да анализираме шеми на најавување за да ги заштитиме сметките на нашите корисници од пристап на некој друг.

Споделување на податоците

Ги споделуваме вашите податоци со други услуги на Rakuten, нашата матична компанија и нашите деловни партнери и даватели на услуги.

Ги споделуваме вашите податоци со:

  • други услуги на Rakuten кои го користат Rakuten ID, доколку се најавите на некоја услуга со истиот Rakuten ID;
  • Rakuten Group, Inc. (Јапонија), нашата матична компанија, која ја обезбедува технологијата што стои зад Rakuten ID; на пример, за цели поврзани со безбедноста и усогласеноста, како и за подобрувања на услугата;
  • Нашите даватели на услуги и деловни партнери, кои ни помагаат да го овозможиме Rakuten ID (тие се обработувачи на податоците).
  • Деловни партнери кои го имплементирале Rakuten ID како функција за најавување на нивната страница, но не припаѓаат на групата Rakuten. Ако изберете да го користите Rakuten ID на некоја друга услуга, ќе ви биде кажано кои податоци се споделуваат со оваа услуга при првото најавување. Rakuten нема никаква контрола врз начинот на кој овие партнери ги користат вашите податоци откако ќе се најавите.

Вашите избори

Секогаш имате право на пристап, исправка и бришење на вашите податоци.
Исто така, може да поднесете жалба кај вашиот орган за заштита на податоци ако мислите дека погрешно сме постапувале со вашите податоци.

Правата и изборот околу вашите податоци се различни во зависност од вашата локација. На пример, во Европа и Калифорнија, тоа вклучува право:

  • да побарате пристап до вашите податоци, ако сакате да знаете кои податоци ги имаме за вас, или
  • да добиете примерок од вашите податоци во формат што може да се чита на компјутер (право на преносливост на податоците);
  • да побарате исправка на информациите кои се неточни;
  • да побарате бришење на вашите податоци;
  • да побарате ограничување на користењето на минимално ниво (на пример, ако побарате од нас да ги избришеме, но и понатаму треба да ја задржиме историјата на вашите нарачки заради законски причини, како што се даночни ревизии на нашата работа);
  • да се спротивставите на одредени употреби (како на пример, може да се откажете од рекламните е-пораки);
  • да нè прашате од каде сме добиле одредени податоци за вас, како ги користиме и со кој ги споделуваме;
  • многу специфично за жителите на Калифорнија, постои право да побарате да "не ги продаваме" вашите податоци. Оваа "продажба" вклучува многу различни типови споделувања на податоци, дури и ако тоа не е за пари. Бидете уверени дека не ги продаваме вашите податоци на овој начин.

Секогаш може да побарате од нас да ги остварите овие права без да се плашите од дискриминација. Исто така, може да поднесете жалба кај вашиот орган за заштита на податоци ако мислите дека погрешно сме постапувале со вашите податоци.
Ако сакате да побарате нешто од ова од нас, стапете во контакт со која било услуга на Rakuten кадешто претходно сте го користеле вашиот Rakuten ID. Внимавајте, бидејќи ако ја избришете вашата сметка за Rakuten ID, ќе го изгубите пристапот до сите услуги што сте ги користеле претходно.

Меѓународни преноси на податоци

Вашите податоци ќе бидат споделени со други компании од групата и со нашите даватели на услуги ширум светот.
Ние имаме BCR (oбврзувачки организациски правила) кои ја покажуваат нашата силна увереност во приватноста.

Ние сме бизнис на светско ниво. Тоа значи дека вашите податоци ќе бидат споделени со други компании од групата ширум светот. Исто така, ние користиме даватели на услуги во различни земји. Податоците може да им бидат пратени и на нив. Бидете уверени дека презедовме чекори за да ја зачуваме безбедноста на вашите податоци. Во групата Rakuten, имаме BCR (Обврзувачки организациски правила) кои ја покажуваат нашата силна увереност во приватноста. Можете да ги најдете тука: https://global.rakuten.com/corp/privacy/bcr/. А за нашите даватели на услуги, секогаш внимаваме да обезбедиме гаранција дека се доверливи и имаме потпишано строги договори.

Безбедност

Освен што ги штитиме вашите лични податоци, имаме воспоставено строги безбедносни мерки за да гарантираме дека вашата сметка и вашите податоци се безбедни.

Имаме воспоставено строги безбедносни мерки за да гарантираме дека вашата сметка и вашите податоци се безбедни со нас. Некои од нив се технички, како што се правила за лозинки и следење шеми за најавување. Другите се организациски, како што е воспоставување соодветни процеси и правила за пристап. Се грижиме секогаш да сме во тек со најновите развои.

Задржување

Ги задржуваме податоците само ако законот го бара тоа од нас.

Сè додека ја имате вашата сметка, ние ги чуваме вашите податоци. Кога ќе ја избришете вашата сметка, ќе ги задржиме податоците само ако законот го бара тоа од нас. Или во случај ако и понатаму ни требаат за одбрана во судски постапки.

Контакт

За какви било прашања или проблеми, слободно јавете се во секое време. Нашите податоци за контакт може да ги најдете тука

За какви било прашања или проблеми, или ако сакате да ги искористите вашите права, слободно јавете се во секое време на:

Со нашиот службеник за заштита на податоци може да се стапи во контакт преку оваа адреса на е-пошта. Ако имате некаква жалба, се надеваме дека можеме да работиме со вас за да постигнеме добро решение. Ако не можеме, може да стапите во контакт со вашиот локален орган за заштита на податоци. Дополнително, може да стапите во контакт со органот за заштита на податоци на Луксембург тука: https://cnpd.public.lu/en.html.

Промени во оваа политика

Ако направиме промени, ќе ве известиме.

Одвреме-навреме, можеме да ја ажурираме оваа политика за приватност. Ако направиме промени, ќе ве известиме преку е-пошта. Ако настане значителна промена, ќе ви дадеме доволно време однапред за да размислите за, на пример, бришење на вашата идентификација.

Последно ажурирање: Dec 26, 2019

Список на компании-учеснички

Франција Rakuten France S.A.S.
Луксембург Rakuten Europe Bank S.A.
Луксембург Rakuten Europe S.a.r.l.
Луксембург Viber Media S.a.r.l.
Шпанија Rakuten TV Europe, S.L.U.
Канада Rakuten Kobo Inc.
Јапонија Rakuten Group, Inc.
Сингапур Rakuten Travel Singapore Pte. Ltd.
Тајван Taiwan Rakuten Ichiba, Inc.
САД Viki, Inc.
Page Top